Каква политичка кампања имаме во пресрет на локалните избори пред почетокот на официјалната предизборна кампања што ќе започне на 27 септември? Се крши ли Изборниот законик? Кои сѐ злоупотреби ги нотираат мониторинг тимовите на Цивил? Има ли политичка корупција? Кој и на кој начин ги злоупотребува децата во изборен контекст?
Кои се препораките на ЦИВИЛ и како организацијата ги набљудува изборите? Кој може да се пријави за изборен набљудувач на ЦИВИЛ, а кој не? Како ќе се спроведе изборниот мониторинг на ЦИВИЛ на денот на гласањето?
Ова се само дел од прашањата на кои ЦИВИЛ ќе одговори на прес конференцијата во вторник, 21 септември во 12 часот, на македонски и во 12:30 часот на албански јазик, во Прес центарот на ЦИВИЛ кој се наоѓа на 3. кат во Бизнис центарот „Палома Бјанка“.
По презентацијата на наодите и информациите поврзани со изборниот процес, претставниците на ЦИВИЛ ќе дадат и изјава по повод 21 септември, Меѓународниот ден на мирот.
Пресот ќе биде емитуван онлајн на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ. Новинарките и новинарите ќе имаат можност и за онлајн вклучување на Зум, со претходна најава по мејл или по телефон, најдоцна до вторник, 21 септември, 11:30 ч. Физичко присуство е дозволено за најмногу четворица, за што е потребна претходна најава од редакциите. Пред самиот почеток на пресот, ќе биде дозволен пристап на фоторепортерите, по што тие може да заминат, за да им отстапат простор на камерманите. На пресот е дозволено присуство само од вакцинирани лица, со заштитни маски. Редакциите се молат за разбирање за овие процедури кои се исклучиво наменети за заштита од КОВИД-19.
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).
Пренос во живо:
YouTube: https://www.youtube.com/c/CivilMacedonia
Facebook: https://www.facebook.com/civil.mk
Контакти:
02 5209 176 (канцеларија, 9-17 ч.)
075 389 697 (Соња Ефтовска, Координаторка на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ)
075 389 698 (Дехран Муратов, Координатор во ЦИВИЛ, уредник во ЦИВИЛ МЕДИА)
075 329 070 (Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ, главен уредник на ЦИВИЛ МЕДИА)
[email protected] | [email protected] | [email protected] | [email protected]