The Basic Public Prosecutor’s Office in Tetovo initiated proceedings against three persons – two adults and one juvenile, who are suspected of a crime – Murder under Article 123 paragraph 2 item 8 in conjunction with Article 19 (attempted) and Article 22 (complicity) of the Criminal Code . An Order for conducting an investigation procedure was issued against the two adult accomplices, and a proposal for detention was submitted to the Basic Court in Tetovo. For the juvenile, the procedure will be conducted according to the Law on Child Justice.
Како што соопшти ЈОРМ, Тетовското обвинителство ја презеде постапката за да се обезбеди непристрасност на истрагата, со оглед на тоа што оштетениот е јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гостивар.
Настанот, како што се посочува, се случил во раните утрински часови на 21 ноември, кога осомничените соизвршители, заедно со малолетник на возраст од 17 години, се обиделе со умисла да го лишат од живот јавниот обвинител. Оштетениот со својот автомобил и негов роднина се движел по патот низ селото Чегране, а еден од осомничените бил застанат со автомобилот сред пат пред куќата на другиот осомничен. Во тој момент јавниот обвинител им блиндирал со светлата за да го ослободат патот. Откако оштетениот поминал со возилото, осомничените со автомобилот продолжиле да го следат, па кога застанал започнале да го навредуваат и агресивно да се однесуваат затоа што им блиндирал.
– Оштетениот им се претставил дека е јавен обвинител и дека доколку има потреба ќе повикаат полиција за да го расчисти настанот. Сите тројца осомничени започнале да го удираат, а малолетникот од џебот извадил нож со кој му задал убодна рана во задната десна страна од градниот кош. Потоа се обидел да го прободе уште еднаш. Гледајќи дека осомничените имаат намера да го довршат делото и да го лишат од живот, оштетениот извадил пиштол кој го поседувал со дозвола и испукал предупредувачки куршум во воздух со што ги запрел, стои во соопштението.
Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово го прифати предлогот на јавниот обвинител и на двајцата полнолетни осомничени им определи притвор во траење од по 30 дена.